Ѓорчев и Муцунски се сретнаа со Европратеничката Валсман

Членот на извршниот комитет Влатко Ѓорчев и Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија работна средба со Европратеничката Марион Валсман од ЦДУ. Валсман е Потпретседател на Комисијата за правни работи на Европскиот парламент и член на Делегацијата на ЕП за Македонија.

На средбата се дискутираше за актуелната политичка состојба во нашата земја. Ѓорчев и Муцунски нагласија дека систематската непочит кон владеењето на правото создава неодржлива состојба со негативни импликации за иднината на нашата земја. Соговорниците се согласија дека се потребни понатамошни реформи кои ќе бидат опипливи во правосудниот систем. Ѓорчев и Муцунски потенцираа дека распространетата корупција мора да биде сузбиена преку градење на силни институции кои ќе и помогнат на Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската унија.

 

Соговорниците дискутираа за парламентарните избори на 12 април и се согласија дека политичките договори кои се постигнати со консензус мора да се почитуваат.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2020 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега