Димовски: СДСМ со законот за Јавно обвинителство сака да создаде ново СЈО

Професорите по кривично право, по кривично процесно по уставно право од Јустинијан Први ниту еден не го пофали предлог законот за Јавно обвинителство. Ние после таа јавна расправа откако сфативме дека ова е политички текст напишан во штабот на СДСМ, единствена цел законот има Рускоска и Јовески да останат на своите позиции за да може СДСМ како што работеше со СЈО да работи и со ова Јавно обвинителство, практично вака работи и досега, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во вечерашното гостување Топ тема на ТВ Телма.

Во однос на Законот за јавно обвинителство Димовски вели дека СДСМ сака да создаде ново Специјално јавно обвинителство. Сте слушнале некаква постапка за десетици афери кои што се случуваат во Република Македонија нема, но кога треба да се врши притисок врз пратеници, кога треба да се рекетираат бизнисмени тогаш Јавното обвинителство се екстремно високи. Можам да ви набројам 30 крупни афери од вакцините на министерството за здравство, до ова што се случува со отпадот, до фонд за иновации, до Курто Дудуш за ништо нема никаква постапка. Тоа е целта на СДСМ, овие луѓе кои што им се на услуга за така глатко да минат работите да останат на тие позиции за Јавното обвинителство да стане новото СЈО, кажа Димовски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде бланко поддршка за законот за Јавно обвинителство само доколку законскиот текст биде составен од најеминентните професори во Република Македонија Предлогот е да се формира група консензуално од сите каков закон ќе изготват тие најеминентни професори во Република Македонија таков закон бланко да го прифатиме уште од сега.

Што е стравот на политичките партии да сакаат да напишат како ќе работи Јавното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ го кажува следното, значи бланко даваме поддршка на законски текст без никаква забелешка доколку зад тој закон застанат професорите. Димовски нагласи дека носењето на Законот за јавно обвинителство не е услов за почеток на преговорите со Европската унија, потенцирајќи дека одложувањето на изборите најмногу ќе наштети на македонската економија. Одложување на изборите најмалку ќе им наштетат на партиите, најмногу ќе наштетат на македонската економија. Само вчера после изјавата на Зоран Заев македонската берза падна за некој процент, само со една изјава после долго време македонската берза отиде во негатива како индикатор. Второ не е услов за ЕУ и тоа многу амбасадори го кажаа тоа дека овој закон не е услов но е во ред да се донесе, истакна Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2020 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега