Независни пратеници: Ќе бараме „бомбите“ да не се користат како докази, туку како индиции

„Бомбите“ да не се користат како докази во судските постапки, туку како индиции. Амандманите кои независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поднесе за Законот за Јавно обвинителство ќе бидат во оваа насока.

Пратеничката Нола Исајловска вечерва во емисијата „24 Отворено“ не сакаше да ги обелодени амандманите што ќе ги поднесат, но рече дека според неa, правично решение би било „бомбите“ да се користат како индиции, а не докази.

-Се обидуваме да најдеме решение како не би биле злоупотребени во ниедна судска постапка овие нелегално стекнати материјали. Законот за СЈО беше од времен карактер, а тука е Законот за кривична постапка кој треба да се почитува“, рече Исмајловска.

За донесување на Законот потребни се 80 гласа, а за гласањето се преговара со овие пратеници, а една од пратеничките од оваа пратеничка група, Елизабета Канческа Милевска е обвинета во еден од случаите на СЈО. Опозицијата бара законот да го го изготват експерти од правниот факултет, додека власта притиска законот да се донесе што побрзо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2020 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега