Министерот Чулев потврди дека сака да го земе Синиша Алексовски во МВР

Министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев денеска ги потврди пишувањата на „360 степени“ дека сака да да го преземе Синиша Алексовски од Агенцијата за разузнавање во МВР.

Денеска тој, одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека за Алесовски е испратена спогодба за преземање до Агенцијата за разузнавање, но, како што рече, за него ниту е поведена кривична постапка ниту е обвинет во некој случај досега.

 

-Сè друго е инсинуации во медиумите во однос на неговиот интегритет. Досега нема ниту обвинителен акт, ниту кривична пријава, ниту е осуден за какво било дело, рече Чулев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега