Шеќеринска ги одговори 30-те прашања на Стоилковски

Министерката Радмила Шеќеринска преку ФБ му одговори на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски на 30-те поставени прашања. Меѓудругото, Стоилковски ја праша Шеќеринска дали наутро поздравува знаме на Македонија или на Аризона но министерката не одговори на тоа прашање. 

Шеќеринска на социјалната мрежа Фејсбук напиша:

Вистински одговори на хаотичните прашања:

ДА, стануваме членка на НАТО.

ДА, ја подмладуваме Армијата со околу 600 млади војници.

 

ДА, на сите припадници на Армијата им обезбедивме 16% повисоки плати.

 

ДА, обезбедивме и станарина од над 7000 денари месечно за СИТЕ.

ДА, за цивилните лица во Армијата законот предвиде дополнителни 10% покачување на плати.

ДА, за сите млади кандидати за офицери има плата.

ДА, има бенефициран стаж за сите во Армијата и можност за пензионирање по услови како за МВР.

ДА, има нови чизми за сите.

ДА, обезбедиме и спортска опрема и нови униформи за припадниците на Армијата.

ДА, има нови инжинериски машини по 16 години отсуство на набавка.

ДА, има опремување со оклопни возила.

ДА, се исплаќаат јубилејни награди за сите во МО и Армијата.

ДА, повторно се исплаќаат дневници на припадниците на Армијата.

ДА, има повисоки надоместоци за офицерите и војниците во мисија.

И… ДА, се ова можеше и ВМРО-ДПМНЕ да го направи. Но, не го направи – парите за друго ги трошеше.

Затоа, ДА – ќе продолжиме да работиме. Нив ќе им остане да бидат само плукачи.

05.02.2020 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега