Дединец: За две години државата стана лидер во енергетиката
Владата во мај 2018-та го донесе европскиот Закон за енергетика, пред еден месец, први во регионот донесовме Стратегија за енергетика, а денеска во парламентот беше изгласан Законот за енергетска ефикасност. Овие документи претставуваат клучни во остварувањето на целите на државата во полето на енергетиката. Законските решенија и Стратегијата носат намалени сметки за струја на граѓаните, ја поттикнуваат економијата и ја заштитуваат животната средина.
Ова на денешната трибина на СДСМ „Агенда 20-24/Енергетика“ во Битола го истакна Александар Дединец од МАНУ.
-Ќе се фокусирам на два сегмента од Законот за енергетика, кои драстично ја променија состојбата во енергетиката, со што станавме лидери во областа во регионот, а тоа се обновливите извори на енергија и правата на ранливите потрошувачи на струја. Направивме модел со кој инвеститорите во новите извори на енергија, самите ќе изградат капацитет за производство на струја, самите ќе продаваат струја, а субвенции ќе имаат од државата, а не од граѓаните преку сметките. Секако дека и парите во буџетот се на граѓаните, но преку сметка сите плаќаат идентично, а во буџетот секој различно придонесува, па оттаму правиме и социјална правда, објасни Дединец.
Во однос на ранливите потрошувачи се предвидуваат субвенции за нови прозори, за нови инвертер клима уреди, како и забрана да се исклучат од системот за струја во текот на зимските месеци за неплатени сметки.
-2018-та година беше навестување дека во 2019-та ќе се случат крупни промени во македонскиот енергетски сектор. И во 2019-та не прогласија за лидери. Придонес кон тоа има и Стратегијата за енергетика чија уникатност е во тоа дека на едно место се опфатени сите аспекти, како да ги ублажиме последиците од климатските промени, како да ја заштитиме животната околина и како да создадеме најдобра ефикасност. Имаме пред нас големи инвестиции, но секогаш е така на почеток кога почнуваме со крупни реформи, но потоа државата ќе штеди, граѓаните ќе плаќаат помалку, а природата ќе остане недопрена. И целиот овој процес на крајот носи и подобрување на економските перформанси на државата, што не одново не прави лидер во опкружувањето, вели Дединец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа