Елерајт: Треба да се искористи големиот потенцијал на сончевата енергија

Вие имате многу повеќе сонце отколку во Германија, а тоа е обновлив извор на енергија, со огромен потенцијал, што може да го користите многу повеќе, заедно со другите обновливи извори на енергија, истакна Ева Елерајт, директорка на Фондацијата Фридрих Еберт на канцеларијата во Скопје, на тематската трибина Агенда – Енергетика 20-24, во организација на СДСМ, во Битола.

Елерајт се осврна на германскиот модел на соларни кооперативи, во кои граѓаните учествуваат во сопственоста, пред се на локално ниво и обезбедуваат приход за своите семејства, а задругите на обновливи извори на енергија обезбедуваат корист за многу лица, а не само за неколкумина.

Тоа е прашање на социјална еднаквост и за вакво здружување е потребна трансформација на енергетскиот пазар, рече Елерајт.

Обновливите извори на енергија помагаат во борбата за чист воздух и создаваат рамнотежа меѓу енергетиката, економијата и животната средна, истакна Ева Елерајт, директорка на Фондацијата Фридрих Еберт на канцеларијата во Скопје, на тематската трибина Агенда – Енергетика 20-24, во организација на СДСМ, во Битола.

05.02.2020 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега