Царовска: Секој пензионер доби зголемена пензија за 722 денари, платите растат, ги поддржуваме компаниите

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со граѓаните на Гевгелија и Валандово со кои разговараше за реформите и мерките спроведени од Владата предводена од СДСМ и за следните предизвици.

-За две и пол години, односно за не цел мандат со водење на одговорно економски политики успеавме да направиме пресврт во економијата и да го подобриме животниот стандард. Граѓаните тоа веќе го чувствуваат со повисоки пензии за 722 денари исплатени на 324.000 пензионери. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки. Ја зголемивме и социјалната помош. Сега 27.000 семејства користат помош во просек повисока за 300% со што посветено работиме на искоренување на сиромаштијата, посочи Царовска.

Вели дека за само две и пол години минималната плата е зголемена за 60 отсто и сега изнесува 14.500 денари.

-Имаме постојан раст на просечната плата, а со мерките за субвенционирање на придонесите 20.000 компании во декември ја зголемиле платата на вкупно 106 илјади работници. Благодарение на субвенциите во моментот 306 илјади работници земаат плата над 18.500 денари, што е 70% од вкупниот број на вработени во приватниот сектор, рече Царовска.

-Продолжуваме понатаму со посветена работа. Продолжуваме да ја движиме економијата напред и да го поддржуваме бизнис сектор со различни програми и мерки, рече Царовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега