Мицкоски: Ќе го задржиме рамниот данок и ќе се насочиме кон негово намалување

Во гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“ претседателот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски му вети на бизнис секторот, но и на граѓаните на Република Македонија дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе води стабилна економска политика без осцилации како досега.

Тој вети враќање на старото законско решение за рамно оданочување и укинување на прогресивниот данок. Мицкоски потенцираше дека е можно рамниот данок од 10 проценти дополнително да се намали за 1 до 2 проценти.

-Нема да дозволиме да има осцилации како што тоа ни се случуваше изминативе три години, што се однесува до даночната политика и други определени законски решенија. Така што предвидливоста ќе биде основа во економските политики на ВМРО-ДПМНЕ, континуираната комункација со Стопанските комори, комуникација амбициозна на месечно ниво инцидентно дури и по фрекфентна, и се разбира заедничко договарање кога се дефинираат еконосмките политики. Се разбира тука би кажал предвидилива даночна политика во делот на комплетно укинување на проресивнито оданочување, враќање на старото законско рамно оданочување дури и со можност на негово намалување за 1 до 2 процентни поени, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега