Ковачевски: Обезбедени 32 милиони евра, РЕК Битола наскоро со нови филтри и вентилатори

На вечерашната трибина организирана од СДСМ, посветена на енергетиката, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски информираше дека готова е постапката за новите филтри во РЕК Битола. Ковачевски рече дека како што претходно ветиле, изминатиот период посветено се работело на овој проблем и за прв па после 40 години од монтирањето филтри, РЕК Битола ќе има нови.

"Обезбедени се 32 милиони евра. Ќе се направи темелна реконструкција на трите филтрите и замена на вентилаторите. Тоа значи дека за прв пат по инсталирањето на филтрите во 80те години, во 2020 година оваа година наесен ќе се врши целосна реконструкција на електростатскиот филтер на овој блок, 2021 и 2022 на другите два блока и од 2023 до 2025 ќе ја завршиме и втората фаза десулфуризацијата", рече Ковачевски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега