Николов: Власта го тргува здравјето на граѓаните со заштита на бизнис интересите

Сведоци сме на режиран театар на Власта со кој сакаат да ја префрлат вината поради свесното поигрување со здравјето на граѓаните, ова денеска преку прес-конфереција го истакна Игор Николов од ВМРО-ДП-МНЕ.

-Зоран Заев и Спасовски ја водат владата веќе 3 години од кој повеќе од 2 години градоначалник е Петре Шилегов. Тие имаат морална и кривична одговорност за загрозеното здравје на граѓаните и загадената животна средина. Кого залажуваат? Не се работи само за системски недостатоци поради кој има пропусти во заштитата на животната средина туку се работи I за бизнис интереси.

Вистината е следна:

Во исто време кога Заев вели дека се грижи за животната средина и здравјето на граѓаните во Македонија од 9 фирми кои работат со нафтен кокс дури 5 компании се блиски до Заеви или се на Заев. Или како што тој би рекол: „Кога не знаеш зошто, треба да знаеш дека работата е за пари“. Поради бизнисот на големите компании страдаат граѓаните, а државата тоа го толерира. Во месец февруари 2019 година, само за еден месец се увезени 42 илјади тони нафтен кокс во државата. Или тоа се вкупно 2.000 илјади шлепери кои што се согорени, а загадените материи се испуштени во воздухот. И еве задача за Јани Макрадули: нека почне проверка за загадувањето кое што го прават големите циглани во државата, вели Николов.

Тој прашува додека Скопје се гуши, дали има направено контрола државата какви се материи се согоруваат во Цементарница, и какви се материи се согоруваат во компаниите кои што работат во просториите на „Охис“?

-Додека Македонија страда поради бизнисите на Заеви кои ги трујат граѓаните, има ли контрола на државата колку загадува РЕК?  И дали актуелните министри се на платен список на големите загадувачи? Додека Јани Макрадули, Венко Филипче и Петре Шилегов го отспиваат својот мандат со неработа, кога последен пат е извршена контрола на филтрите на големите загадувачи? Здравјето на граѓаните за оваа власт е трговија и заштита на бизнис интересите. Заради тоа мора да има одговорност, рече Николов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега