Костадинов: Со одговорни политики за 2,5 години направивме целосен пресврт во економијата

Политиките на СДСМ за само две и пол години направија пресврт во економијата, пресврт во раст на платите, пресврт во стапката на невработеност, рече денеска на прес конференција потпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој рече дека со минусот од 1,8 на економијата во 2017 година, со одговорните политики направивме пресврт и имаме раст на БДП од 3,5 отсто.

„Стапката на невработеност се намали за 5,5 процентни поени и таа денес изнесува рекордни ниски 17.1 отсто. Дадовме ветување и го одржуваме зборот, силно ги поддржуваме домашните компании. Преку фондот за иновации и технолошки развој, досега поддржавме 314 компании со 57 милиони евра. Тоа е 57 пати повеќе отколку во 2017 кога триесеттина компании биле поддржани со само 1 милион евра. Со новиот Оперативен план за вработување за за 2020 година со рекорден буџет од 1,4 милијарди денари дополнително ќе се зголеми поддршката кон домашната економија“ рече Костадинов.

Потпаролот на СДСМ додаде дека инвестираат во компаниите, но инвестираат и во работниците. За две и пол години направивме пресврт во платите во сите сектори.

„Минималната плата изнесува 14.500 денари што е за огромни 60 отсто повеќе отколку во 2017 кога таа изнесуваше само 9.000 денари. и во работниците и во работодавачите. Позитивен пресврт во платите се случи и во образованието, здравството, социјалната и детската заштита, одбраната, полицијата, културата. Сите вработени во овие дејности денеска добиваат значително повисоки плати.Создадовме услови за раст на платите и во приватниот сектор и тоа се случува. Само со  последна мерка за субвенционирање на придонесите за раст на платите, 106.000 работници добиваат повисоки плати. Пред јавноста ветивме концепт кој ќе ги враќа парите кај граѓаните, но и ќе ја придвижи економијата. Денес, на нешто повеќе од 2,5 години од мандатот концептот парите назад кај граѓаните е целосно исполнет. Платите и пензиите растат, трошоците се намалуваат и се повеќе пари остануваат во семејствата. Економијата е стабилна, базирана на реални основи и се движи во добра насока. Како одговорна партија продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, создаваме мерки и политики што ја движат економијата напред“ рече Костадинов на прес конференција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега