Николоски и Милошоски на молитвениот појадок во САД

Имавме чест заедно со Антонио Милошоски да присуствуваме на 68миот традионален молитвен појадок во Вашингтон САД. На молитвениот појадок учествуваа Претседателот на САД, Доналд Трамп, Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, Претседателот на Конгресот, Ненси Пелоси, водачот на Републиканците во Сенатот и голем број сенатори и конгресмени.

Националниот молитвен појадок се одржува традионално на почетокот од февруари секоја година во Вашингтон. На молитвениот појадок учествуваат врвни политичари од целиот свет, најголемите бизнис лидери, дипломати и религиски лидери и претставува еден од најпрестижните глобални настани на кој присуствуваат гости од целиот свет.

Традицонално главно обраќање на молитвениот појадок имаше Претседателот на САД Доналд Трамп, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега