СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат да го загрозуваат членството во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски упорно работат против интересите на граѓаните и државата и се обидуваат да го вратат режимот на Груевски, се вели во вечерашното соопштение до јавноста на СДСМ.
 
„Последна потврда за тоа се ставовите на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски кој заговара поништување на Договорот од Преспа.
 
Со поништувањето на Договорот од Преспа се поништува нашето членство во НАТО и се загрозува натамошната интеграција во ЕУ.
 
 Неговото поништување значи враќање во изолација и неизвесност.
 
Очигледно дека насоките од Будимпешта се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да работат отворено против ЕУ и НАТО, против и ге
интересите на граѓаните.
 
Но колку и ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се обидуваат да ја вратат државата назад тоа не да им успее.
 
На 12 април граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат а тој пат води кон ЕУ и НАТО“, стои во соопштението.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега