Стоилковски: Бранко Тричковски веднаш да биде санкциониран

Почитувани, Повикав на институционално делување за спречување и казнување на Бранко Тричковски заради непрестано и институционално непречено ширење на говор на омраза, антисемитизам и поттикнување на насилство поттикнато од верска, национална и друга основа.

Тричковски е поранешен уредник, новинар кој што сега е коментатор и колумнист кој што редовно пишува во дневен весник а се пренесува и на социјалните медиуми и портали.

Тричковски е познат како миленик на власта, но тоа не треба да биде олеснителна, напротив отежнувачка околност во моментов. Тричковски убеден во заштитата, дополнително провоцира сограѓани, па оттука како граѓанин на Македонија кој што е редовен даночен обврзник предлагам и инсистирам:

1)Остра реакција од соодветните медиумски здруженија против говорот на омраза за Тричковски со тоа што ќе биде исклучен од истите;

2)Отстранување од страниците на медиумот Слободен Печат каде што во нивното печатено и онлајн изданија се објавени неговите колумни.

3)Остра институционална реакција од соодветна државна институција против ширење омраза и расна и верска нетрпеливост

Почитувани, Доколку медиумот Слободен Печат не постапи соодветно и не се огради и ја прекине соработката со Бранко Тричковски, јас како даночен обврзник ОСТРО ПРОТЕСТИРАМ весникот и годинава да биде субвенциониран со државни пари од буџетот во кој што придонесуваме и јас и Рашела Мизрахи. Владата да побара од Слободен Печат оградување и преки на соработката со Бранко Тричковски доколку медиумот мисли да добие субвенции годинава.

За пример, лани од субвенциите најмногу доби Слободен печат, во износ 14,3 милиони денари или околу 238 илјади евра државна субвенција. Во обратен случај, владата субвенционира за ширење на идеите на антисемитист како Бранко Тричковски и поинаку не може да биде разбрано, напиша на Фејсбук, Наум Стоилковски, од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега