Филипче: Волјата на жената е на прво место

Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче на трибината “Агенда Родова еднаквост 20-24”, истакна дека претходниот закон за абортус донесен од ВМРО-ДПМНЕ целосно ја погазуваше волјата на жената. Според Филипче, причините зошто жените се одлучуваат да абортираат се различни, а со претходниот закон, жената беше доведена во состојба да трпи притисок и да е убедена дека врши убиство.  

Филипче истакна дека само вистински маж е добар адвокат на жените и дека верува во родовата еднаквост.

„Биолошки сите се еднакви. Никој не е повеќе паметен, покреативен, поинтелигентен. Како креатор на политика на укинување на квотите само во аптеките, сметам дека квотите не треба да постојат, сметам дека навистина жените треба да се мобилизираат” , рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега