Царовска: Го јакнеме животниот стандард, за младите вработени во производство по 3.000 денари месечно

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со граѓаните на Берово и Пехчево со кои разговараше за реформите и мерките спроведени од Владата предводена од СДСМ.
 
-Со мерката младински додаток вложуваме во младите и ги мотивираме да работат во производствената дејност. Оваа мерка стартува од идната недела и со неа на младите до 23 години ќе им се исплаќа месечно по 3.000 денари. Ги повикувам младите вработени во производство и земјоделство да се пријавуваат во Центрите за вработување, а парите ќе им се уплаќаат директно на нивните трансакциските сметки, рече Царовска.
 
Таа истакна дека изминатите две и пол години силно се работеше на искоренување на сиромаштијата.
 
-Социјална помош ја зголемивме во просек за 300%. За две и пол години минималната плата ја зголемувме за 60% и сега изнесува 14.500 денари, а плата над 18.500 денари земат 306 илјади вработени. Пензијата на секој пензионер порасна за 722 денари. Продолжуваме да ја движиме економијата и државата напред, рече потпретседателката Царовска. 
 
Владата предводена од СДСМ продолжува со посветена работа да ја движиме економијата напред и да го поддржуваме бизнис сектор со различни програми и мерки. Сето тоа го прави со силен социјален дијалог.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега