СДСМ – Светските лидери на Молитвениот појадок: Поддршката за Северна Македонија е недвосмислена

На 68 – от Национален молитвен појадок, кој се одржува во Вашингтон (САД) денеска се обратија претседателот на САД, Доналд Трамп, како и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

На овој глобален светски настан присуствуваат голем број на државни лидери, претставници на бизнис секторот, доктори, универзитетски професори, млади лидери, претставници на религиски групи, како и повеќе конгресмени и сенатори.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска учествуваше на сесиите на кои се обратија повеќе лидери. Во изминативе денови, тој, реализираше и повеќе официјални средби, со политичари, конгресмени и сенатори, претставници на невладини организации и млади лидери.

Од сите средби, воочлива е поддршката која Република Северна Македонија ја добива од својот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави. Фактот што се преземаат последните чекори за полноправно членство во НАТО е потврда за напредокот на земјата, а исто така постои и недвосмислена поддршка за евроинтгративните процеси.

Богоев ја презентираше и актуелната политичка состојба во Македонија, работата на техничката Влада и процесите кои се одвиваат во Собранието. Зборуваше и за улогата на младите во општеството, како и за поголема отвореност на јавните финансии на локално ниво.

Стефан Богоев е дел од Македонско – американската алумни асоцијација (МААА) и во повеќе наврати е учесник во програми за посета на Соединетите Американски Држави, поддржани и од Амбасадата на САД во Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега