Шкријељ: Ги подобруваме капацитетите за згрижување на децата, се подобруваат условите во градинките

Министерството за труд и социјална политика преку реални и видливи реформи покажа што значи подобрување на условите за живот и што значи да се грижиме за сите подеднакво, истакна Санела Шкријељ, дополнителна заменичка министерка во Министерството за труди и социјална политика.

Товарот на домашните обврски паѓа на жените, особено во одгледување на девата. Интензивно ги подобруваме капацитетите за згрижување на деца и тоа дополнителна причина зашто вложуваме во детскиот развој и заштита и подобрување на условите во градинките, додаде Шкријељ.

Шкријељ се осврна и на соработката на министерството со локалните самоуправи.

Инвестираме силно во развој на услуги на локално ниво и соработуваме со општините. Како за децата така и за повозрасните граѓани. Овозможуваме еднакви можности за сите и покажуваме што значи да се води грижа за родовата еднаквост, заклучи Шкријељ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега