Шахпаска: ВМРО-ДПМНЕ не сака да се огради од бегалката во Будимпешта

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да се огради од криминалите направени во минатиот период, не сака да се огради ниту од бегалката во Будимпешта и сите оние кои треба да одат во затвор. Еднаш засекогаш мора да излезат од теснопартиските односи и да го донесеме законот за ЈО како еден од основните фундаменти кои ги бара Европската унија, изјави пратеничката од редовите на СДСМ Јагода Шахпаска.

-Цела година со вклученост на експерти, свесни сме дека ви ниту еден случај ВМРО-ДПМНЕ не сакаат законот за ЈО да се донесе бидејќи дел од преговарачи се обвинети во предметите на СЈО. Секој што направил криминал, корупција додека бил на јавна функција треба да си сноси последици, вели Шахпаска.

Таа додава дека СДСМ не бега од избори, доказ за тоа била самата иницијатива за изборите од лидерот на партијата Зоран Заев.

-СДСМ не бега од избори, иницијативата ја даде Зоран Заев, тогашниот премиер. Дури имаше и предлог за кратки брзи избори на 5 декември. На 12 април ќе има избори, проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ со негласањето на законот за ЈО бега од избори. Поради европската иднина и владеењето на правото ги повикувам да го поддржат овој закон и да го изгласаат во Собранието, вели Шахпаска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега