Џафери: За пет дена единствено може да се скрати рокот за јавен увид во избирачкиот список

Собранискиот спикер Талат Џафери во емисијата „Патот кон“ на Алсат ТВ рече дека нема можност со политичка одлука или индивидуален акт да се скратат законските и уставните рокови за одржување на предвремените избори. Џафери смета дека поради договорот на  партии 12 април да биде изборен ден и  формирањето на техничката влада 100 дена пред избори, се обезбедуваат 60 дена колку што се предвидени за изборниот процес.

„Јас тие 60 дена ги обезбедувам согласно Изборниот закон и Уставот за другите институции кои имаат обврски да организираат избори. Со ниеден акт јас не можам да ги скратам роковите кои се предвидени со закон, а законот предвидува кратење на сите рокови за 5 дена. Кога ги гледате определените рокови со Изборниот закон, од членот 32, 35, 39, 49 каде се определуваат рокови за институциите, и ако се прави едноставна математика, единствено што може да се крати за 5 дена е јавниот увид на избирачкиот список кој според законот трае 20 дена. Кампањата не може да се скрати, бидејќи тоа се санкционира со закон. Освен кампањата, сите други рокови можат да се кратат за 5 дена. Значи може за 5 дена да се крати рокот за јавен увид во избирачкиот список, од 20 на 15 дена, бидејќи со ниту еден акт не може да се предвиди институција која има рок од 3 или 5 дена и вие со акт да речете дека оваа работа ќе ја направите за еден ден или за три дена“, рече Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега