Стаменковски Стојковски: СДСМ целосно ја партизира јавната и државната администрација

Мојата заложба а и заложбата на ВМРО-ДПМНЕ е пред се за професионализација на администрацијата и за администрација која што ќе биде ефективна. Она што не разликува од СДСМ, е тоа што тие од почетокот на доаѓање на власт направија целосна партизација на администрацијата, неефикасна администрација која што се базира на непотизам, вели Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик министер во МИОА во интервју дадено за Сигнал.мк.

-Стаменковски Стојковски нагласи дека бројот на вработени во јавната и државната администрација од 2017 година до 2018 година се зголемил за над 4000 вработени според официјалниот регистар за вработени на јавната и државната администрација. Бројката од регистарот за вработени во јавната и државната администрација за 2017 година вели дека има вработено 128.7000 лица, а во 2018 година 132.000 лица, некаде околу над 4000 лица повеќе од 2017 година. За 2019 година значи бројката со сите овие вработувања кои што се на неопределено и вклучувајќи ги и оние кои што се на определено кои што не се прикажуваат во рамките на вработувањата се околу 150.000 лица, потенцираше Стаменковска Стојковски.

Таа додаде дека од доаѓање на позицијата дополнителен заменик министер добила голем број на поплаки за реваншизам од страна на актуелните функционери на институциите, посочувајќи го и примерот каде што директорката на Агенцијата за вработувања го прераспределила еден вработен од едно на друго работно место спротивно на законот, додавајќи дека според законот едно лице може да се прераспредели од едно на друго работно место само 50 километри од местото на живеење или од новото работно место.

-Од моментот на моето доаѓање на оваа позиција добив многу поплаки од вработените од државната и јавната администрација и морам да кажал дека ситуацијата е многу лоша. Пример директорката од агенција за вработување го менува поранешен раководител на подрачната единица на Охрид и на негово место назначува друг. Овој вработен што го сменила го деградира за едно скалило подолу и бидејќи во систематизацијата во Охрид нема работно место како такво го праќа секој ден да патува од Охрид до Скопје, значи 170 километри во еден правец, што согласно законот не е дозволено, бидејќи законот вели дека може да бидете распределени но не повеќе од 50 километри од работното место или 50 километри од местото на вашето живеење до новото работно место, кажа Стаменковски Стојковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега