Мицкоски со порака од Кочани: Обнова е потребна, таа е неминовна

Имав посета на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани. Обновата е потреба. Обновата е неминовност. Обновата е она што му треба на народот. Власта на СДСМ треба да биде поразена, затоа што е криминална и применува политика на поделби.

Таа директно стои позади лажните вести и безобзирниот, нечовечки и брутален говор на омраза. Тоа е показател за слабост и нервоза. Тоа е јасен знак дека губат и сакаат сите да ги повлечат во тој пораз. Еден ден ќе се срамат поради тоа што и го прават на Македонија денес, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

06.02.2020 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега