Мицевски до Шахпаска: Македонија е оценета како најкорумпирана држава во Европа, за такво блескање мислите вие од СДСМ

Менувате услови за Академија на судии и јавни обвинители, ги отфрлате критериумите кои што беа поставени во проекти заедно со Американската амбасада, ги намалувате критериумите и условите за можност за влегување на судиите и дополнително на учесници во Академија на судии и јавни обвинители кој што е лимитиран дозволувате носење на поголем број на судии и обвинители кои што доколку има потреба ќе бидат вклучени во правосудството во Република Македонија и тоа го правите само за вдомување на кадри, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24.

Тој посочи дека списокот со имиња на идните судии и јавни обвинители бил направен во седиштето на СДСМ укажувајќи дека лицата биле во роднински функција на партиските функционери од СДСМ. Списокот кој треба да влезат таму и да поминат беше направен во партиското седиште на СДСМ. Нема ниту едно име кое што не е поврзано и не е во блиска роднинска врска со некој функционер од СДСМ, рече Мицевски.

Мицевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е против законот за марихуана кој што СДСМ го поднесе во Собранието со европско знаменце за подоцна поради реакција од страна на јавноста да го повлече. Ставивте европско знаменце на закон за опојни дроги, но кога ја видовте реакцијата од граѓаните излеговте и го пуштивте во редовна постапка знаејќи дека според временскиот рок не може да се донесе. ВМРО-ДПМНЕ е против тој закон и против продавање на сув цвет на марихуана, кажа Мицевски.

Во однос на скандалите и аферите кои што се случуваат во државата, Мицевски посочи дека колку е власта корумпирана доволно говори и фактот што Транспаренси интернешнал ја оценува Македонија како најкорумпирана држава во Европа. Транспаренси Интернешнал ја оценува Република Македонија како најкорумпирана држава во Европа, вели Мицевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега