Чулев ќе поднесе претставки поради шпекулациите дека се апсат негови соработници

По повод денешните шпекулации и ширењето невистини во медиумите околу апсењето високи полициски функционери за кои се тврди дека се мои блиски соработници, ја информирам јавоста дека во текот на утрешниот ден ќе поднесам соодветни претставки до Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ, истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Вели дека ваквото манипулативно известување не само што е обид за нарушување на неговиот углед, интегритет и професионалност, туку претставува и манипулација со јавноста, со што директно се нанесува штета врз неговиот личен кредибилтет и кредибилетот на МВР.

-На вчерашната прес-конференција напоменав дека медиумите се наш партнер во справување со манипулациите и лажните вести, но таквото партнерство го гледам исклучиво преку објективно информирање што се заснова на аргументи, а пред сѐ на информации потврдени од соодветните извори. Како Министер силно се залагам за поддршка на слободата на изразување и сум против какви било притисоци и тужби кон новинарите и медиумите, но во исто време очекувам новинарското извесување да се заснова на целосно почитување на професионалните и етичките стандарди во работењето. Ниту еден обид за дефокусирање на јавноста преку манипулативното известување на некои медиуми нема да ме поколеба во докажувањето на вистината и во натамошното професионално работење, ослободено од какви било притисоци, уцени и закани. Ова е уште еден доказ дека заложбата на Владата за наводна борба против лажните вести е само декларативна, односно блеф со кој се замајува јавноста, Чулев на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 21:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега