Мицевски: Заев знае што ќе му се случи по 12-ти април и сака да го одложи распуштањето на парламентот

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на вечерашната дискусија во „24 Анализа“, со пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска посочи дека единствената причина зошто Зоран Заев брза да се донесе законот за ЈО е дека знае што ќе му се случи на 12-ти април, па затоа и сака да си донесе закон за обвинителство според кој ќе има негови обвинители и судии коишто ќе го штитат.

-Единствена причина зашто вие брзате да донесете ваков едностран Закон за Јавно обвинителство без да се имплементираат забелешките на експертите кои СДСМ меѓу другото ги повика на јавната дискусија, а една забелешка не е прифатена од тие експерти, затоа што Заев знае што ќе му се случи на 12-ти април, и сака да си донесе закон за обвинителство според кој ќе има негови обвинители и судии коишто ќе го штитат.

Мицевски рече дека денеска како пратеничка група доставиле формален материјал за да може Талат Џафери да ја свика седницата за распуштање на собранието, по договореното на средбата со претседателот Пендаровски, на којашто таа средба немаше изјави дека имаме реформски закони кои треба да поминат пред избори, но сега се условуваат изборите со одредени закони. Мицевски вели дека на четири дена пред распуштање а собранието во собраниска процедура сеуште нема Закон за јавно обвинителство, сеуште во собранието пратениците немаат добиено верзија од законот по кој се дискутираше на комисиската јавна расправа.

-Во документите коишто ги носите колешке пратеничке, дали ја носите и изјавата на Зоран Заев дека парламентот ќе се распушти на 12-ти февруари за да може да се фатат сите рокови. Не е точно дека сите рокови можат да се скратат, единствено може да се скрати рокот за увид во Избирачкиот список од 20 на 15 дена друго кратење нна роковите нема да може. Ќе имате постапки до ДИК до Виш Управен суд дали ќе ги скратите и тие рокови – ја праша Мицевски пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска.

-Со сето она што го правите во државата, видовме дека државата е корумпирана, корумпираното судство и деградацијата на правосудниот систем, вие три години сте на власт можевте да го донесете законот кога сакате, но вие три години се правдате со Груевски за чија истрага сеуште нема извештај. Нема еден случај против еден функционер на СДСМ, а скандали и тендери имате секој ден, а обвинителството молчи, реплицираше Мицевски во дискусијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега