Ѓорчев од Брисел: Го подготвуваме теренот за нова влада на ВМРО-ДПМНЕ

Го подготвуваме теренот за новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ во април, напиша на својот фејсбук профил пратеникот Влатко Ѓорчев кој со делегација на партијата присуствува на политичко собрание на Европската народна партија.

– Ги јакнеме македонските позиции и меѓународната положба на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша пратеникот Владимир Ѓорчев во опис на видеото кое го објави на својот Фејсбук профил.

За време на вчерашниот ден, меѓу другите, пратеникот Ѓорчев се сретна и со Патрик Волер шеф на меѓународното биро на ЕПП, по која средба на својот фејсбук напиша: ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од Европската народна партија за изборите на 12-ти април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега