СДСМ за статусот на Тричковски: Најостро ги осудуваме сите облици на говор на омраза и антисемитизам

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува сите облици на говор на омраза, антисемитизам и какво било друго директно или индиректно омаловажување или дискриминирање на поединци или групи. Апелираме на високо ниво на одговорност во јавните комуникации, се вели во реакцијата на СДСМ на статусот на Бранко Тричковски.

Тричковски на Фејсбук напиша статус кој се однесуваше на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи!“.

Антисемитскиот статус на Тричковски го осуди и Македонската асоцијација на новинари, како и многу луѓе на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега