Николоски: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ се темели на подобра економија и воспоставување на функционален систем на владеење на правото

Информирав дека за два месеци треба да се случат избори во Македонија, информирав за обидот на Зоран Заев да избега од тој договор и да избега од избори. Тоа е нешто што може целосно да го наруши демократскиот процес во Македонија и да ја доведе ситуацијата во една непријатна политичка криза. Јас се надевам дека тоа нема да се случи, а тоа го порачаа и лидерите со кои што се сретнав затоа што мислат дека во едно демократско општество договорите мора да се почитуваат, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју дадено за Гласот на Америка за време на посетата на Вашингтон.

Николоски посочи дека ги информирале претставниците за галопирачката корупција во која се вклучени високи претставници од актуелната влада на СДСМ.

Информирав и за галопирачката корупција во која се вклучени највисоките сегменти на актуелната власт, тоа е евидентно и го гледаме секој ден низ медиумите и е нешто што навистина загрижува додаде тој.

Во однос на следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ и на визиите, Николоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има две визии врз кои ќе се темели и програмата која што ќе биде презентирана пред граѓаните, а тоа е изградба на подобра економија и изградба на функционален систем на владеење на правото.

-Понатаму она што можам да го кажам е дека споделив за нашите визии. Ние имаме две визии, една е насочена кон изградба на подобра економија и втората кон изградба на функционален систем на владеење на правото. Тие се два основни пилари на нашата програма во следниот период која што ќе ја претставиме пред граѓаните. Информирав дека Македонија заслужува за започне преговори со ЕУ и за жал оваа политика која што досега се водеше не дава такви резултати и дека е потреба промена во тој дел се со цел граѓаните да имаат еден подобар живот, кажа Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега