Јанушев: Владата ќе троши 20 милиони денари за шетање и авионски карти

Владата ќе троши 20 милиони денари за шетање и авионски карти, но нема пари да го реши случајот со вработените во Охис и Еврокомпозит, за кои нема плати, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Вели дека железничарите штрајкуваат поради немање на плати, но Владата не се откажува од скапи авионски билети за себе.

-Знаеме дека нема пилот во авионот на Владата, но има авио-карти кои се скапо платени. Тоа е тој познат двоен стандард на расипничко трошење на народните пари. 20 милиони денари за шетање низ светот и авио-карти, но ниту денар повеќе за македонскиот земјоделец кому министрите од владата му викаат “од мотиката подалеку” … и нула денари за болниците кои наликуваат на преградие во некоја афричка провинција. Тоа е тоа наводно блескање на Заев, напиша Јанушев на социјалната мрежа Фејсбук.

07.02.2020 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега