Костадинов: Дрисла е преземена и скандалите на ВМРО-ДПМНЕ се откриени

„Сите факти во врска со скандалот со медицинскиот отпад покажуваат дирекнта поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој до денеска го брани Христијан Мицкоски.

Режимската ВМРО-ДПМНЕ не само што го загрозувала здравјето на граѓаните и животната средина, туку преку нејзини кадри ја опструира истрагата за овој голем скандал.

Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска во објавените бомби“, рече Коста Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Зошто обвинителката два месеца го криеше предметот од јавноста?

Зошто два месеца не е повикан сопственикот на Еко клуб?

Горан Ангелов, кој долги години беше директор на Дрисла и го примал несоодветно третрираниот отпад е исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ и кандаидат за претседател на партијата.

Јасна е поврзаноста на Сашо Јанакиевски со режимското владеење на Никола Груевски.

Каква е поврзаноста на Јанакиевски со Ангелов и колку отпад пренеле во Дрисла ќе мора да утврди обвинителката избрана од нивната партија.

Се покажува дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ поважно е да се заташка случајот, откако се потврди дека со години ги труеле граѓаните.

После 9 години, Дрисла е преземена и овие скандали на ВМРО-ДПМНЕ се откриени.

Одговороност за овој огромен скандал директно поврзан со ВМРО-ДПМНЕ мора да има.

Или јавната обвинителка ќе прекине да ги штити луѓето на ВМРО-ДПМНЕ или Советот на јавни обвинители ќе мора да ја разреши“, изјави Коста Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега