Арсовски: СДСМ и Заев преку институциите доделиле над 2 милиони евра тендери на „Еко Клуб“

На Зоран Заев и на СДСМ им е побитен бизнисот отколку здравјето на граѓаните и чистиот воздух кој им го ветуваа пред изборите. Фактите покажуваат дека Зоран Заев е лицемерен, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено откако бомбастично беше најавено дека фирмата „Еко Клуб“ од Битола загадувала и непрописно третирала медицински отпад, па дека потоа биле расфрлени човечки органи и крв се цедела и слично, целата работа пак се врати во дворот на СДСМ и Зоран Заев. Медиумите објавија дека токму таа фирма, која СДСМ се обидуваше да ја поврзува со ВМРО-ДПМНЕ, добивала тендери, и тоа многу големи тендери токму од власта на Зоран Заев и СДСМ. Да биде апсурдот уште поголем, Шилегов тврди дека овој скандал бил откриен уште во декември и пријавен до обвинителството, но тоа не било проблем институции под контрола на СДСМ и на Зоран Заев во јануари да и дадат тендери на истата таа фирма. Фирмата „Еко Клуб“ од Битола само во последната година има склучено над 60-тина договори од тендери во вредност од над 130 милиони денари, меѓу кои само тендерот на ЈП за државни патишта изнесува околу 60 милиони денари. Тендери оваа фирма добивала и од министерството на Шеќеринска и од други државни институции, воглавно од министерството на Венко Филипче односно министерството за здравство. Само во периодот во декември и јануари, како што велат од Град Скопје кога влегла инспекција кога влегла во фирмата „Еко Клуб“, потоа тоа „Еко Клуб“ имаат добиено неколку тендери од институции во вредност од стотина илјади евра, од кои најголем е оној тендер за клинички центар Скопје, истакна тој.

Арсовски прашува: Каде е тука одговорноста на Заев и функционерите на СДСМ што при вакви наводни докази за криминал, даваат тендери на истата таа фирма?

-Каде е одговорноста на Заев и во случајот со набавката и користењето на нафтен кокс за своите фирми, високо загадувачко гориво кое го користеле фирмите на фамилијата Заеви. Имено од 9 компании кои користат нафтен кокс, 5 се компании поврзани со Зоран Заев. Само во месец февруари 2019 година, се увезени 42 илјади тони нафтен кокс во државата или сликовито, тоа се вкупно 2.000 илјади шлепери кои што се согорени, а загадените материи се испуштени во воздухот. Очигледно бизнисот на Заеви е ставен пред здравјето на граѓаните. Зошто Зоран Заев молчи за ваквите скандали? Каде е одговорноста? Залудни се дефокусирањата и манипулациите на јавноста од страна на СДСМ и Владата. Еве ја вистината кој, како и колку пари делел од институциите на фирмата „Еко Клуб“ Битола, истакна Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега