ПГ на ВМРО- ДПМНЕ со демант: СДСМ имаше цели 3 години да ги зголеми платите, но не направи ништо од тоа

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги демантира лажните наводи на СДСМ и нивната пратеничка Жаклина Лазаревска, велат преку соопштение од партијата.

„СДСМ имаше цели 3 (три) години да ги зголеми платите, но не направи ништо од тоа. СДСМ доцни цел месец со предлогот. Предлогот кој треба да важи од 1-ви јануари 2020 година е доставен на пленарна седница дури на 4-ти февруари, односно цели 35 дена задоцнување. Воедно, министерството за финансии на СДСМ нема обезбедени средства во буџетот за овие исплати.

Заминувањето на криминалците од СДСМ од власт е основниот предуслов за економски напредок на Македонија“ велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега