ВМРО- ДПМНЕ факти на денот: Во страв од предизборниот пораз Зоран Заев и СДСМ шират говор на омраза, штитат криминалци и делат тендери

Од ВМРО- ДПМНЕ преку соопштение велат дека ова се факти кои го одбележаа денот:

1. Зад говорот на омраза стојат СДСМ и Заев, тоа е последица на стравот од пораз, Обвинителството сеуште молчи.
2. Во Општина Аеродром инвеститори блиски до Златко Марин и функционери на СДСМ градат дивоградби, без издадена потребна документација.
3 СДСМ и Заев преку институциите доделиле над 2 милиони евра тендери на фирмата „Еко Клуб“ од Битола која загадувала и непрописно третирала медицински отпад.
4. Зоран Заев монструозно го злоупотребувал „Монструм“; за политички цели, собирање на гласови и држење на тензија.
5. Врхушката на власт на чело со Зоран Заев стои зад рекетарите Боки 13 и Катица Јанева.
6. Вилма Русковска го штити и го прикрива криминалот на Зоран Заев, со тоа директно го поддржува и го одобрува криминалот на СДСМ.
7. СДСМ продолжува да бега од избори поради стравот од предизборниот пораз што го чека Зоран Заев на 12 април, пишуваат од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега