СДСМ: Одговорноста за скандалот со медицинскиот отпад води до луѓе на ВМРО-ДПМНЕ

Фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуват директна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој Христијан Мицкоски ревносно го брани, велат во соопштение од СДСМ.  
 
Од партијата велат дека одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извершител Христијан Мицкоски.  
 
„Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.
 Горан Ангелов долги години беше директор на Дрисла, го примал инфицираниот отпад да се депонира, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен градоначалник и кандидат за претседател од оваа партија во 2019 година.  
 Затоа извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го заташкаат случајот откако се потврди дека со години ги труеле граѓаните и природата. Кадрите на Груевски и извршителот Мицкоски кои со години терале бизниси на сметка на здравјето на луѓето и животната средина мора да понесат одговороност. Исто и оние кои го заташкувале случајот“ стои во соопштение од СДСМ.
 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2020 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега