ВМРО – ДПМНЕ:Бизнис интересите на СДСМ се поважни од здравјето на граѓаните

Вистината за скандалот за третирање на медицински отпад излезе на виделина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакција на соопшштението на СДСМ, од ВМРО- ДПМНЕ велат дека фирмата која СДСМ се обидуваше да ја поврзува со ВМРО-ДПМНЕ, добивала огромни тендери токму од власта на Зоран Заев и СДСМ.

„По којзнае кој пат се докажа дека на Заев и СДСМ им е побитен бизнисот отколку здравјето на граѓаните.

Функционерите на СДСМ треба да сносат морална и кривична одговорност за загрозеното здравје на граѓаните и загадената животна средина.

Фирмата „Еко Клуб“ од Битола само во последната година има склучено над 60-тина договори од тендери во вредност од над 130 милиони денари, меѓу кои само тендерот на ЈП за државни патишта изнесува околу 60 милиони денари. Тендери оваа фирма добивала и од министерството на Шекеринска и од други државни институции, воглавно од министерството на Венко Филипче.

Залудни се дефокусирањата и манипулациите на јавноста од страна на СДСМ и Владата. Здравјето на граѓаните за оваа власт е трговија и заштита на бизнис интересите. Заради тоа мора да има одговорност и ќе има на 12-ти април. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе!“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега