СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат членството во НАТО и ЕУ
Христијан Мицкоски преку кадрите на Никола Груевски во преодната Влада го криши Уставот на државата, го загрозува членство во во НАТО и ЕУ и Преспанскиот договор, велат од СДСМ преку соопштене.
„Tехничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи и тоа во државна институција, директно го прекрши Уставот и го поткопува Договорот од Преспа.
Загрозување на Договорот од Преспа е загрозување на членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, затоа што без Договорот нема ниту НАТО ниту ЕУ.
Таквиот противуставен потег на Мизрахи, по налог на Христијан Мицкоски и неговиот шеф Груевски е антидржавно.
Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски. Враќање во изолазија и обнова на криминалниот режим.
Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ против Преспанскиот договор, против НАТО и ЕУ се опасни за иднината на државата, за нејзините стратешки интереси.
Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите“ велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа