Мисајловски: Обновата доаѓа насекаде во Македонија, граѓаните заслужуваат подобра иднина, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го ветува

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денес беше во посета на Бутел, каде оствари средби со голем број на граѓани.

-Доста граѓани дојдоа на оваа средба што мене навистина ми е драго да разговараме за обновата што доаѓа, за исте мерки кои ВМРО-ДПМНЕ планира да ги стави во програмата која набрзо ќе излезе и ќе ги опфати сите категории на граѓани, односно во сите сфери на општеството ќе биде таа програма присутна. Драго ми е што доста непартиски луѓе дојдоа тука, луѓе кои што навистина си ги кажаа своите маки, дадоа критики, но и дадоа многу убави сугестии и ни дадоа ветер во грб како да продолжиме понатака. Обновата доаѓа насекаде во Македонија, добро е овие средби што ги правиме се почесто, раководството на ВМРО-ДПМНЕ е постојано на терен и ќе продолжи да биде на терен. Набрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада, набрзо народот нека биде подготвен да се приклучи целосно кон ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи крајната цел е да ја обновиме Македонија и да направиме силна и просперитетна држава, истакна тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега