Заев: Разговарам со сите политички партии, верувам дека ќе го направиме најдоброто

 

Разговарам со сите политички партии што ќе настапат на избори, јас сум добар пријател со сите и верувам дека ќе го направиме најдоброто што може. Доколку имаме заедничка програма и заеднички настап, ќе можеме заедно да ја добиеме честа и одговорноста да ја водиме извршната власт во иднина, рече денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање дали би предложил предизборна коалиција на движето БЕСА.

Заев појасни дека најпрвин ќе ги преземат сите чекори кои се добри за државата, а веднаш после тоа следуваат чекори во поглед на коалиции со Социјалдемократскиот сојуз.

Според него, може да се коалицира со секого, но најважно е дали граѓаните истото ќе го препознаат и вреднуваат.

-Не можам да кажам уште ништо, заради тоа што мислам дека можеме да направиме коалиција со секого, но граѓаните треба да ни кажат дали го вреднуваат, дали е добро, дали има програмски спојки, дали може да се договориме за програми вредности. Секако, претстои период на разговори кои што следуваат со сите наши стандардни коалициони партнери, нормално разговараме и со други политички партии кои до сега не настапувале заедно со нас, а ќе настапат на овие избори, рече Заев.

Тој дополни оти верува дека ќе го направи најдоброто што може, затоа што соработува со сите политички субјекти.

-Има една убавина, кога ќе вложите во едно општество за сите, и кога ќе ги гледате граѓаните еднакви тоа ви дава како лидер на партија слобода да одлучувате за кој ќе влезе во коалиција. Јас сум добар пријател со сите, мојот политички субјект што го водам е пријател со сите, соработувам со сите. Господин Мицкоски, за негова жал не може ни да помисли на соработка заради национализмот кој што го негува. Ние ќе победиме на овие избори нема да оставиме некој повторно да ја внесе во кал или проблеми нашата земја, додаде Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2020 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега