Време: Сончев но студен ден

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб, а во Повардарието и источните делови умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела ќе преовладува стабилно и суво време.

За време на викендот утринските температури ќе бидат ниски и утре ќе се движат од минус два до седум, а во недела од нула до девет степени, додека дневните ќе бидат во покачување и ќе се движат од 15 до 23 степени.

18.10.2013 - 00:07

најчитано сега