СДСМ: Свесно и намерно го крши Уставот -Мизрахи да биде разрешена на првата закажана седница

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи мора да биде разрешена бидејќи свесно и намерно го крши Уставот и го погазува Договорот од Преспа со што на ризик ги става односите со соседите и процесот на евроинтеграциите, велат од СДСМ преку соопштение.

„Мизрахи, како министерка во преодната Влада, наместо да се стави во функција на обезбедување на слободни и демократски избори, таа како кадар на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, одлучи да спроведува наредби дадени од Белиот дворец и од Будимпешта. СДСМ го достави предлогот за разрешување на Рашела Мизрахи во Собранието, бидејќи нема компромиси за непочитување на Уставот и очекуваме таа да биде разрешена на првата наредна седница на Собранието. Граѓаните знаат дека за опозицијата ситно-партиските интереси се поважни од иднината на државата и дека упорно се залага за враќање на режимот. Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ стои во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега