СДСМ: Очигледна е паниката, Мицкоски не успеа да ги исполни нарачките од Будимпешта

 

 
Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски вчера зборува едно, денеска друго, нема став за ниту едно прашање, велат од СДСм преку соопштение.
 
Тие велат дека очигледна е паниката во ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски не успеа да ги исполни нарачките од Будимпешта и следува одговорност за сите криминали на режимот.
 
„Затоа во ВМРО-ДПМНЕ вчера зборуваат едно, а денес друго, знаат дека ги чека пораз на 12 април, но и одговорност за сите сторени криминали. Парламентарни избори на 12 април ќе има, а тогаш ќе има и нов пораз на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, нов пораз на извршителот Христијан Мицкоски и неговиот шеф од Будимпешта Никола Груевски.Ќе има и одговорност за сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ и од тоа Мицкоски нема да побегне“ стои во соопштението од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега