Мицкоски: Со законот за ЈО Заев сака да не одговора за криминалот кога ќе отиде во опозиција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Алфа ТВ рече дека пораншениот премиер Зоран Заев преку Законот за ЈО се обидува да се спаси од одговорност, односно да не одговара за своите криминали.

-Процесот околу носење на Законот за ЈО продолжува да се води на сила, како што не му доликува на Законодавниот дом практично. И тоа е она што е разочарувачки денеска на македонската политичка сцена. Но тоа е очекувано за нас бидејќи во насоката во која што се водат работите, Зоран Заев практично гледа спас за себе и за одговорноста после 12-ти април, истакна Мицкоски.

Вели дека она што денеска се случува во Собранието личи на сѐ, освен на Законодавен дом. Според него, се тргува со секој глас, на секој човек внатре, луѓе се притискаат, се заканува, се уценува.

-Односно власта бара начин како да се добие глас повеќе. Зошто ова се случува? Затоа што не е поради квалитетот на законот, и онака овој закон треба да биде ефективен таму по 30-ти јуни 2020 година. Тој нема да стане веднаш ефективен, еве и да замислиме дека веднаш ќе се донесе, тој нема да биде ефективен сега. Туку ќе биде од 30-ти јуни 2020. Период од 4 месеци од денеска. Дури и повеќе од 4 месеци, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега