Николовски: Ако не се донесат важните закони ќе формираме нова Влада која ќе организира редовни избори

 

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вели дека ако не се донесат важните закони, постои реална можност таа партија да направи ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

-Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи..., во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори, напиша Николовски на социјалната мрежа Фејсбук.

Според него, Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, а правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се борат до последниот атом.

 

13.02.2020 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега