Мицкоски за статусот на Николовски: Јасна е намерата, СДСМ сака да ги одложи изборите

Не би го коментирал ставот на тој господин. Мислам дека текстот е напишан од неговиот претседател, аболицираниот политичар Зоран Заев кој како што слушнавме финансирал медиум, бил запознаен со злоупотреба на партиска моќ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизија Алфа говорејќи за фејсбук на статусот на Љупчо Николовски од СДСМ. 

Според него, ова говори дека стравот е голем.

-Јасна е намерата на СДСМ, на Зоран Заев да ги одложи изборите или на насилен начин да ги постигнува работите, рече Мицкоски.

Претходно, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека ако не се донесат важните закони, ќе се формира ново мнозинство, односно нова Влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега