ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на Луј Витон судството е на 12-ти април

Крајот на Луј Витон судството е на 12-ти април, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-На 12-ти април завршува неправдата и нарачаните процеси од Зоран и Вице Заеви. Слугите на крими-картелот Заеви во јавното обвинителство и во судот ќе мора да понесат одговорност за злоупотребите, рекетот и политичкиот прогон. Залуден е маршот и последниот обид на Заев да изврши дополнителен притисок врз судството. Заев не може да ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот. Граѓаните не сакаат држава во која функционерите ќе уживаат во неказнивоста. Маршот на Заев е марш за нови амнестии. За амнестија за Зоран и Вице Заев, Венко Филипче, Драги Рашковски, Боро Марлборо, Курто Дудуш и редица други криминални функционери на власта, истакнуваат од партијата.

Неказнивост нема да има. Одговорност ќе има за сите. По 12-ти април следува правна разрешница за сите криминали и неправилности, додаваат од таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега