Претседателот на НДП Мемеди на средба со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп

Тесното партиско раковдство на НДП, предводена од претседателот Весел Мемеди, Генералниот секретар Сухејл Фазлиу, како и потпретседателот Премтим Исени, реализираа официјална средба со амбасадорот на Холандија во Скопје г. Дирк Јан Коп.

Претседателот Мемеди, и се заблагодари на амбасадорот за силната подршка на Холандија за нашата земја, на патот кон НАТО и ЕУ, и побара од амбасадорот и понаtаму да ја подржат земјата за заокружување на мисијата  кон Европската унија.

Претседателот на НДП Мемеди, истакна дека  деструктивните сили во земјата се побудни и свесни од било кога досега и поради оваа причина се бара голема будност од демократските сили. Претседателот Мемеди истакна дека Северна Македонија не е имуна на овој судир, и дека единствениот начин да се справат со овие деструктивни сили е воспоставување на владеењето на правото, правна држава, реформи во судството и многу други области на правдата.  Нема дилема дека меѓународната заедница има наравено неуморни напори за сочувување на безбедноста, стабилноста и редот, во земјата и регионот, но во исто време потребна е голема подршка за владеењето на правото, бидејќи овие две вредности секогаш одат паралелно, истакна меѓу другото претседателот Мемеди.

Амбасадорот на Холандија г. Дирк Јан Коп и се заблагодари на делегацијата за посетата и ја пофали конструктивната улога на НДП во членството на Северна Македонија во НАТО, и дека Холандија ќе продолжи да ја подржува Македонија на патот кон ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега