Koстадинов: Борба за правда и на чекор до НАТО, наспроти бранење криминали на Груевски

Едно кратко резиме на овој мандат, напиша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на Фејсбук.

„СДСМ ја покачи минималната плата.

ВМРО ДПМНЕ силно се спротивставуваше и се закануваше дури и со протести.

Изгласавме закон за субвенција на придонесите за компаниите кои ќе ја покачат платата до 6.000 денари.

ВМРО ДПМНЕ блокираше.

Ја зголемивме социјалната помош за 300%

ВМРО ДПМНЕ не доаѓаа на комисија.

Огромно мнозинство, 80 пратеници го поддржаа законот за ЈО.

ВМРО ДПМНЕ кукавички застана во одбрана на криминалот и бандитите во нивните редови.

Постигнавме договор со Грција и Бугарија и го трасиравме патот на Северна Македонија кон ЕУ и НАТО.

ВМРО ДПМНЕ силно се залага за раскинување на договорите и вовлекување на државата во силна изолација.

Ја изгласавме ратификацијата за протоколот за членство на нашата држава во НАТО.

Мицкоски немаше доблест да стане и да го поздрави тој чин на конечна реализација на стратешка цел на државата за која се бориме од независноста до денес.

Го кренавме знамето на НАТО пред македонскиот парламент.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ги кренаа ролетните во белата палата.

Ние 3 чекори напред

ВМРО ДПМНЕ 1 чекор назад.

СДСМ ќе победи убедливо на изборите на 12ти Април.

ВМРО ДПМНЕ заврши на буништето на историјата како последниот антидржавен елемент, кој со сето свое дејствување, единствената цел им беше, чекор назад, кон темното минато на режимот на Груевски во силна изолација во која царува криминалот, корупцијата и бандитите во ВМРО ДПМНЕ“, напиша Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега