СДСМ: Сите го поздравуваат носењето на Законот за ЈО, само на криминалците од ВМРО-ДПМНЕ не им одговара

„Усвојувањето на Законот за Јавно обвинителство е поздравено од САД, од ЕУ, од Европската комисија, од амбасадори, сите го поздравуваат само на криминалците од ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски не им одговара.

Пораките од западниот, демократски свет се јасни: реформските закони се придонес кон правдата и европската перспектива на земјата“, велат од СДСМ.

„Само ВМРО-ДПМЕ и извршителот Мицкоски се против Законот за јавно обивинителство, против НАТО и ЕУ, против правдата, против напредокот против целиот демократски свет.

Тоа е политиката на ВМРО-ДПМНЕ на блокади, изолација, враќање назад, криминал и корупција.

Нема враќање назад, ниту пак ќе има спас на криминалците од режимот на Никола Груевски.

Секој што го прекршил законот ќе одговара. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.

На 12 април извршителот Мицкоски го чека уште еден голем пораз од граѓаните, режим никогаш повеќе!“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега