Мицкоски: Ќе ги вклучиме идеите од бизнис секторот во нашата програма и ќе ги реалзиираме

Денеска имавме исклучително квалитетна средба, исклучителни квалитетни дискусии, практично секогаш кога разговараме со реалниот сектор добиваме и реални предлози кои што за државата но, и за реалниот сектор и за граѓаните живот значат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите.

„Јас би почнал онаму каде што претседателот Хоџа заврши, а тоа е кој дел од нивните предлози како Стопанска Комора на Северозападна Македонија ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори. Но, за мене е поважно да предложат политичките партии и методологија која што ќе можат понатаму и да ја аплицираат откако еве условно ќе  добијат поддршка од страна на Стопанската Комора, така што претпоставувам дека ќе имаме политички субјекти кои што 100% ќе ги прифатат тие барања  и ќе бидат дел од програмата на тие политички субјекти. Но, за мене е поважно на кој начин планираат  тие политички субјекти да тоа го имплементираат понатаму, имајќи предвид дека лошото искуство од минатото  со многу ветувања, многу малку исполнувања на тие ветувања“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека тие имаат поинаков пристап, детално ги анализираат, методолошки, емпириски ги докажуваат оние барања кои што можеме веднаш да ги применат, откако би ја добиле, а ние силно веруваме дека ќе ја добиеме довербата од страна на граѓаните. Оние кои што не можеме поради причини и тоа го објаснуваме зошто и они кои што на подолго  рок можеби не во еден мандат на една влада, би можеле да се реализираат, потенцираше Мицкоски.

„Мислам дека денеска е од исклучително важно значење не само за граѓаните, туку и за реалниот сектор и за стопанските комори да сето она кое што како политичари, како политички партии го преземаме како обврска и го ветуваме дека ќе го вклучиме во нашите програми потоа и да го испорачаме, затоа што мислам дека помина времето на лажни ветувања, импровизации. Граѓаните се незадоволни, бизнис секторот е генерално незадоволен и како што кажав многу во минатото е ветувано, но за жал многу малку е реализирано и испорачано. Ние ќе се потрудиме тоа што ќе го преземеме како обврска да биде дел од програмата „Обнова на Македонија“, а понатаму како идна влада да го реализираме“ додаде Мицкоски.

На прашање ќе има ли во програмата конкретни датуми, конкретни рокови до кога ќе се реализираат поединечни проекти, тој одговори потврдно.

„Да апсолутно. Ќе има и конкретни датуми и конкретни рокови а ќе има и цена на чинење на тие проекти. Реков дел од проектите ќе бидат реализирани и ќе бидат отпочнати со реализација веднаш во текот на еден мандат на ВМРО-ДПМНЕ, дел ќе бидат тековни. Така што апсолутно сето она што како обврска ќе си го преземе како една макотрпна работа се обврзуваме и пред граѓаните и пред реалниот сектор, да го испорачаме.“ рече Мицкоски во изјава за медиумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега